Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Поранешен правобранител

Иџет Мемети

  • Роден е на 08.01.1961 година во село Раковец - Тетово, Република Македонија, етничка припадност Албанец.
  • 1986 - дипломирал на Правниот факултет во Приштина.
  • 1987 - професионалното искуство го започнал како секретар во Основно училиште  во село Требош - Тетово. Подоцна бил избран за заменик - секретар на Владата на  Република Македонија.
  • 1995 - ја извршувал функцијата секретар во Владата на Република  Македонија.
  • 1998 - повторно бил избран за заменик - секретар на Владата на Република Македонија.
  • 1999 - номиниран за републички советник.
  • 2000 - работел како државен советник во Владата на Република Македонија.
  • 2001 - бил избран за министер за правда на Република Македонија.
  • 2002-повторно бил номиниран за државен советник во Владата на Република  Македонија.
  • мај 2003 - бил избран за судија во Уставниот суд на Република Македонија.
  • ноември 2003 - повторно бил избран за министер за правда на Република Македонија.
  • Бил член на Државната комисија за избирачки списоци во Собранието на Република Македонија, член на Координативното тело на Владата на Република Македонија за справување со кризата во 2001 година, како и член на Правниот совет на Владата на Република Македонија.
  • Во декември 2004 година е избран за народен правобранител на Република Македонија.
  • Член е на Комисијата за изработка на Граѓанскиот законик на Република Македонија.
  • Член е на Комисијата за полагање на правосуден испит.
  • септември 2012 година е одликуван со орден „Офицер на националниот ред за заслуги“ од страна на претседателот на Франција Франсоа Оланд.
  • ноември 2012 година е одликуван со „Орден за граѓански заслуги“ од страна на кралот на Шпанија Хуан Карлос Први.
  • Во декември 2012 година е реизбран за народен правобранител на Република Македонија.
  • Oбјавени меѓународни и домашни публикации:
    „Можниот придонес на омбудсманот во превенција и избегнување на религиозните, етничките и социјалните конфликти“, „Ромите - европско прашање“, „Пристап до информациите и што може омбудсманот да стори“, “Омбудсманот во мулти-културните општества”, „Улогата на Омбудсманот во борба за превенција и заштита од дискриминација“, „Улогата на Националниот превентивен механизам во општеството – една година од воспоставувањето на Националниот превентивен механизам во Република Македонија“, „11 години по потпишувањето на Рамковниот договор“, „Национални институции за човекови права“ и други.

 

Бранко Наумоски

  • Роден е 1951 г. во с. Букојчани-Кичево, Република Македонија.
  • 1968/69 - матурирал во Гимназијата “Кочо Рацин”-Скопје.
  • 1974/75 - дипломирал на Правниот факултет во Скопје.
  • 1975 - прво вработување му било како приправник и стручен  соработник во Основното јавно обвинителство - Скопје.
  • 1976 - положил правосуден испит.
  • 1981 - бил избран за заменик - јавен обвинител во  Основното јавно обвинителство - Скопје.
  • 1987 - станал помошник на министерот за правда задолжен во Секторот за извршување на кривичните санкции (надзор, увид и следење на уставноста и законитоста во спроведување на правата на осудените лица).
  • 1995 - бил избран  за главен републички управен инспектор  во Републичкиот управен инспекторат.
  • 03.07.1997- избран за прв Народен правобранител на Република Македонија.
  • 06.12.2004 - избран за судија во Уставен суд на Република Македонија.



Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2025
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 2
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија