19.08.2021
НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО ВРСКА СО ПОПИСНИТЕ ЛИСТА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Народниот правобранител заедно со на членовите од независниот механизам за мониторинг на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост до Државниот завод за статистика, достави
Препорака со која бара да се направи корекција, промена, односно подобрување на содржината на Прашалниците кои ќе се користат при реализирање на Пописот, а кои ќе се однесуваат на лицата со попреченост, со цел да се даде реална слика за истите.
Исто така, побара во иднина, во активностите поврзани со донесување/измена или дополнување на закон, изработка на прашалници и слични прашања кои се однесуваат на лицата со попреченост, самите лица со попреченост задолжително да бидат консултирани и активно вклучени.