Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Поранешни заменици

Васил Јовановски

  • Роден е 02.12.1951 година во с. Оптичари Битола;
  • 1973 – завршен прв степен на Правен факултет;
  • 1977 – бил вработен во Собрание на Општина Демир Хисар како референт во катастар;
  • 1980 – работел во службата за работа со население во Стопанска банка Охрид;
  • 1986 -1993 – бил вработен во Љубљанска банка – експозитура Битола;
  • 1993 – дипломирал на Правниот факултет во Скопје;
  • 1993 – 1997 – работел во Љубљанска банка – експозитура Битола на работно место со кое ја застапувал банката во судските спорови во Битола, Прилеп, Охрид и Ресен;
  • 1997 – Положил правосуден испит;
  • 1998 – 2002 – бил вработен во сопствена адвокатска канцеларија;
  • 2002 – работел во Електродистрибуција Битола како правен референт за застапување во судски спорови;
  • 2002-2003 – бил вработен во правен сектор во РЕК Битола како самостоен референт за информирање;
  • 2006 – работел во ЈКП „Водовод“ Битола како раководител на работна единица за заеднички работи;
  • 22.07.2013 - е избран за заменик на народниот правобранител.

Трипун Танушески

  • Роден е на 04.02.1951 г. во с.Непрошено - Тетово.
  • Од 1963 г. живее во Скопје каде го дооформил основното и го завршил средното и високото образование;
  • 1975 г. по дипломирањето на Правниот факултет во Скопје се вработил како адвокатски приправник, а потоа ја продолжил кариерата како стручен соработник во Општинското јавно обвинителство-Скопје и го положил правосудниот испит;
  • 1981 г. - работел како самостоен стручен референт во правната служба и шеф на Општата служба во КЈУБИ-“Македонија” централа Скопје;
  • 1987 г. бил избран за судија на Основниот суд Скопје I - Скопје;
  • 27.11.1997 г. е избран за заменик-народен правобранител;
  • 01.02.2006 г. е повторно избран за заменик-народен правобранител.

 

Нашиде Ибраими

  • Родена е на 30. 03. 1964 година во Скопје.
  • 1982 година матурирала во гимназијата Зеф Љуш Марку во Скопје;
  • 1990 година дипломирала на Правниот факултет во Скопје, а потоа работела како  адвокатски приправник;
  • 1993 година се вработила во Управата за имотно-правни работи на Министерството за финансии;
  • 1998 година го положила правосудниот испит;
  • 2004 година била назначена за раководител на Одделението за имотно-правни работи-Чаир на Министерството за финансии;
  • во февруари 2005 година е избрана за заменик-јавен правобранител во Јавното правобранителство во Скопје
  • 01.02.2006 година е избрана за заменик-народен правобранител

Драги Целевски

  • Роден е на 02.01.1960 година во Скопје.
  • 1984 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје;
  • 1987 година се вработил во Министерството за правда каде извршувал повеќе работни задачи;
  • 1990 година го положил правосудниот испит;
  • 1997 година бил именуван за директор на Дирекцијата за извршување на санкциите, а потоа бил назначен за државен советник во Министерството за правда одговорен за подготовката на Стратегијата за реформа на правосудниот систем, реформата на казненото законодавство и евроинтегративниот процес;
  • во март 2005 година е именуван за генерален секретар во институцијата Народен правобранител - Скопје;
  • 01.02.2006 година е избран за заменик-народен правобранител;
    2007 година магистрира на Правниот факултет во Скопје на тема “Народниот правобранител во заштита на осудените лица”.
 

Невенка Крушаровска

  • Родена е на 29.08.1950 година во с. Дедебалци, Битола каде го завршила основното образование.
  • 1969/70  матурирала на Средното економско училиште „Борис Кидрич“ во Битола;
  • 1976 година дипломирала на Правниот факултет во Скопје;
  • 1977 година се вработила како приправник во Привредна банка Сараево Основна банка Зеница во Зеница Босна и Херцеговина;
  • По полагањето на приправничкиот испит била избрана за шеф на правната служба во Банката во Зеница;
  • 1979 година се вработува како стручен соработник во Уставниот суд на Република Македонија;
  • 1985 година го положила правосудниот испит по што веднаш била избрана за виш соработник, па за самостоен советник и на крај за советник на  Уставниот суд на Република Македонија, највисоко стучно завање, во тоа време изедначено со судија на Врховниот суд на Република Македонија;
  • 1997 година од Собранието на Република Македонија е избрана за заменик на народниот правобранител, а во 1999 од Народниот правобранител  е назначена да раководи со Одделенито за заштита на правата на децата.
  • 01.02.2006 година е избрана за заменик-народен правобранител.
 

Марина Обадиќ

  • Родена 1960 година во Тетово.
  • 1986 - дипломирала на Прав¬ниот факултет во Приштина;
  • 1986 - била врабоена како референт за нормативна дејност во ХЕК “Југохром”-Јегуновце за подоцна да биде распоредена на работно место ди¬ректор за правни и кадровски работи во АД „Неметали”;
  • 2003 - го положила правосудниот испит;
  • 15.07.2005 - е избрана за заменик народен правобранител.
 

Лилјана Илиевска

  • Родена 1961 година во Битола.
  • 1983 - дипломирала на Правниот фа¬култет во Битола;
  • 1984 - била вработена во ЗИК Пелагонија како дипломиран правник и ги извршувала работите и задачите од областа на имотно-правните односи, осигурувањето и постапувала по парнични и вонпарнични предмети;
  • 1998 - станала активен член на НВО „Граѓански патеки” од Битола;
  • 2004 - била вработена како државен советник во подрачната канцеларија на Народниот право¬бранител во Битола;
  • 15.07.2005 - е избрана за заменик на народниот правобранител.
 

Рајна Пановска

  • Родена 1953 година во Струмица.
  • 1979 - дипломирала на Правениот факултет во  Скопје;
  • 1979 - била вработена како трудов инспектор во органот на управата на Собранието на општина Штип;
  • 1986 - била избрана за началник на Одделението за општа управа со мандат од четири години во Собранието на општина Штип;
  • 1989 - била назначена за секретар на Извршниот совет на Собранието на општина Штип;
  • 1992 - била врабоена  како републички пазарен инспектор во Министерството за стопанство;
  • 2003 - била распоредена како раководител на одделението за инспекциски надзор во рамките на Државниот пазарен инспек-торат;

    15.07.2005 - е избрана за заменик народен правобранител..
 

Славјанка Михајловиќ

  • Родена 1959 година во Гевгелија.
  • 1985 - дипломирала на Правниот факултет во Скопје;
  • 1986-1994 - била врабоена како секретар за правни работи во РО “Треска” Струмица;
  • 1996 - го положила правосудниот испит;
  • 1999 - работела како самостоен адвокат при што е и делегат на Собранието на Адво¬катската комора;
  • 15.07.2005 - е избрана за заменик народен правобранител.
 

Љупчо Ивановски

  • Роден е на 09.08.1958 година во Скопје.
  • 1977 година завршил во средното училиште „Ѓеорги Димитров” во Скопје; 
  • 1984 година почнаl да работи како службеник во Јавното обвинителство во Скопје; 
  • 1985 година положil правосуден испит; 
  • 1987 година е избрана за заменик-јавен обвинител во Јавното обвинителство во Скопје; 
  • 1993 година станал адвокат регистрирани во Адвокатската комора на Република Македонија; 
  • 27.11.1997 година бил избран за заменик народен правобранител.;
 




Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2025
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 14
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија