Информаии од јавен карактер: Годишен извештај
Врз основа на содржината на одредбите од член 36 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Народниот правобранител на Република Северна Македонија, со седиште во Скопје, на ул. „Македонија“ бр. 19, тел: 3129-335, факс: 3129-359, e-mail: contact@ombudsman.mk, преку службените лица за посредување со информации од јавен карактер во Народниот правобранител, Снежана Теодосиевска-Јорданоска и Зоран Билбилоски, го подготви следниов:
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ (за периодот од 01.01.2019 до 31.12.2019 година)
Во извештајниот период до Народниот правобранител, поднесени се вкупно 28 барања за пристап до информации од листата на информации од јавен карактер со кои располага Народниот правобранител.
Предметните барања се поднесени од 23 здруженија на граѓани и од 5 физички лица.
Притоа, по 7 барања е позитивно одговорено, а по 21 барање е донесен заклучок за прекинување на постапката во смисла на член 26, став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од страна на барателите во законски определениот и дозволен рок не е вложена жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ (за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година)
Во извештајниот период до Народниот правобранител, поднесени се вкупно 29 барања за пристап до информации од листата на информации од јавен карактер со кои располага Народниот правобранител.
Предметните барања се поднесени од 27 здруженија на граѓани и од 2 физички лица.
Притоа, по 6 барања е позитивно одговорено, а по 23 барањa, донесени се решенија за отфрлање во смисла на член 17, став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од страна на барателите во законски определениот и дозволен рок не е вложена жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.