Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

13.07.2021

Скопје

АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

Народниот правобранител апелира до организаторите на протести, од било кој вид, како и до родителите/старателите да внимаваат во поглед на инволвирање на децата во истите.

Во оваа насока имајќи го предвид  значењето на семејството за целосниот и хармоничен развој на личноста на детето, како и примарната улога на родителите/старателите во заштитата и унапредувањето на интересите и правата на детето, Народниот правобранител почитувајќи го правото на децата да го искажат своето мислење и несогласување за сите важни прашања од општественото живеење, укажува да не се занемари можноста од нивна злоупотреба, што е недозволиво и спротивно на нивниот најдобар интерес.

Сликите во кои деца присуствуваат на протести, како и слики во кои деца носат  транспаренти, иако се уште не знаат да читаат и пишуваат, Народниот правобранител ги смета за непримерни, поради што упатува посебен апел до родителите/старателите со крајна внимателност да пристапуваат кон вклучување на децата во вакви настани, со цел да не им ги прекршуваат правата и да ги заштитат од секаков вид на злоупотреба која може штетно да влијае на нивниот развој, на што упатува и Конвенцијата за правата на детето.

Народниот правобранител, потсетува дека секое дете треба да биде подготвено за одговорен живот во слободно општество, во духот на разбирање, мир, толеранција, еднаквост и почитување на различностите, но носењето на децата на протест/и не е единствениот начин, истите да се научат да мислат критички и да го изнесат своето несогласување со одредени појави, односно истото јавно да го манифестираат.

Народниот правобранител овој апел посебно го упатува  и кон политичките партии, на кои им претстојат избори за локалната власт, од причина што во последните години забележан е тренд на инволовирање на децата во спотовите од кампањите, но и нивно учество на митинзите, со што меѓу другото се постапува спротивно на Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација и злоупотреба и Декларацијата за заштита на правата на детето донесени од Собранието, во 1991 и 2003 година.
                                                                                                                                                                                                    
                                                                                   НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

април 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 5
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија