Новости и настани
25.05.2016
25.05.2016
НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПОСЕТИ 40 ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НИЗ ДРЖАВАТА
Претставници на Одделението за заштита на правата на децата и лица со посебни потреби, согласно програмата на Народниот правобранител за 2016 година, во соработка со Подрачните канцеларии на Народниот правобранител во Тетово, Куманово, Штип, Битола, Кичево и Струмица, во периодот април-мај 2016 година остварија посета на 40 основни училишта, при што разговараа со деца-ученици во шесто и седмо одделение деветолетка. На средбите со учениците покрај запознавање на децата со нивните права согласно Конвенцијата за правата на детето се разговараше и за проблемите со кои се соочуваат, за нивните сознанија во врска со механизмите за заштита на правата, како и за запознавањето со човековите права преку наставните предмети или други активности во училиштето.
Народниот правобранител подготви Прашалник во врска со основните принципи во Конвенцијата за правата на детето, односно за принципот на најдобриот интерес на детето, правото на учество и правото на недискриминација, а по анализа на одговорите на околу 1200 ученици кои следат настава на македонски и албански наставен јазик, Народниот правобранител ќе подготви Посебна информација за познавањето на правата на децата од страна на учениците.