16.05.2013
Скопје
ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ
Народниот правобранител г.Иџет Мемети на прес-конфренција го презентираше
Годишниот извештај за 2012 година на Одделението за превенција на тортура и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување-Национален превенитвен механизам(НПМ).
Извештајот претставува пресек на утврдените состојби во местата за задржување, полициските станици, Казнено-поправните и Воспитно-поравните домови како и во Псхијатриските болници констатирани при направените ненејавени редовни и последователни посети на НПМ-тимот.
Во него, исто така се содржани и дадените препораки со цел подобрување на условите во овие места. Извештајот ќе биде доставен до сите институции и установи каде постои лишување од слобода или ограничување на слободата на движење, а согласно Факултативниот протокол истиот ќе биде пратен и до Поткомитетот за спречување на тортура при Обединетите нации.