Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

09.12.2011

Скопје

10-ТИ ДЕКЕМВРИ – ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Денешниот ден – Денот на човековите права, оваа година го посветуваме на бранителите на човековите права и на медиумите, кои во своето функционирање имаат суштинско значење за промоцијата на човековите права како и за јакнење на свеста за начинот на нивната заштита.
Човековите права се основа за градење слобода, мир и правда. Бранителите на човековите права играат суштинска улога во заштитата од какви било повреди и за почитување на универзалниот принцип на еднаквост.
Одбележувајќи го денешниот ден, Народниот правобранител потсетува на потребата за поголема промоција и заштита на човековите слободи и права во нашето општество, како и за обврската на државата се повеќе да ги поддржува активностите за постигнување на овие цели.
Денот на човековите права претставува добра можност за поздравување на сите активности на познатите и непознати бранители на човекови права, што треба да претставува инспирација за сите нас во насока на јакнење на нашите напори за поголем ангажман на овој план.

    
      НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ
      

 


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2025
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 7
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија