23.07.2010
Скопје
СРЕДБА НА ОМБУДСМАНОТ СО НОРВЕШКИОТ АМБАСАДОР
Норвешката амбасада дава силна поддршка на работата на институцијата Народен правобранител, со цел зајакнување на демократските процеси и поголема заштита на граѓанските слободи и права.
Ова беше констатирано на средбата на народниот правобранител г. Иџете Мемети со амбасадорот на Кралството Норвешка во Република Македонија г. Кјетил Паулсен што се одржа во рамките на редовната комуникација на омбудсманот со амабасадорите во Република Македонија.
Амбасадорот беше запознат со работата на канцеларијата на омбудсманот, а беше договорено во наредниот период да се дефинираат проекти кои бие се одвивале со поддршка на норвешката амбасада.