03.04.2015
03.04.2015, Скопје
ЗАМЕНИК- НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г-ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА-МУСТАФА СЕ СРЕТНА СО ДЕТСКИТЕ ПРАВОБРАНИТЕЛИ ОД ПОВЕЌЕ ОСНОВНИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА ОД ДРЖАВАТА
Заменик- народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска –Мустафа се сретна со детските омбдусмани од повеќе основни и средни училишта во државата, со цел да се слушнат нивните мислења за тоа како децата-ученици ги перцепираат состојбите со нивните права.
„Ваквите средби и размената на мислења со детските омбудсмани се можност да се слушнат проблемите на децата, и врз основа на тоа да им се помогне во остварувањето на нивните права. Но овие средби влијаат и охрабрувачки врз децата за тие да пријават повреда на некое нивно право,“изјави заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска –Мустафа.