Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

26.05.2021

Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.НАСЕР ЗИБЕРИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕМИЕРОТ Г. ЗОРАН ЗАЕВ

Народниот правобранител  г.Насер Зибери,  оствари средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија г.Зоран Заев, на која, меѓу другото се разговараше за важноста на улогата на Институцијата Народен правобранител во општеството и нејзината позицијата како национална институција за заштита на човековите слободи и права, како и за потребата од зајакнување на нејзините капацитети, како кадровски, така и финансиски.
 
Тема на разговор беа и актуелните случувања во земјата во поглед на  евроинтегративните процеси, како и влијанието на пандемијата од вирусот КОВИД-19 врз човековите слободи и права. Според народниот правобранител, во текот на 2020 година, пандемијата на КОВИД-19 имаше влијание и на работата на Институцијата, во поглед на бројот на примените претставки и во однос на останатите активности во насока на обезбедувањето почитување, унапредување и заштитата на човековите слободи и права.
 
Народниот правобранител г.Насер Зибери, кој беше придружуван од своите соработници, му го предаде на премиерот Заев Годишниот извештај за 2020 година, во дигитална форма, и го запозна со состојбите со почитувањето и остварувањето на човековите права во државата, констатирани изминатата година и содржани во Извештајот, кој наскоро се очекува да биде биде разгледуван од Собранието на Република Северна Македонија. На средбата, исто така, стана збор и  за имплементација на мерките,  кои  Собранието ги донесува по разгледување на извештајот, а кои Владата ги имплементира во насока  на подобрување на состојбите со човековите слободи и права.

Соговорниците се согласија за важноста на соработката со цел унапредување и заштита на правата на граѓаните, а беше потенцирано дека е неопходна поголема ангажираност на институциите на системот во соработката со институцијата Народен правобранител, како и да се подобри  квалитетот на одговорите од надлежните органи и институции доставени по укажување на Народен правобранител.


Пребарување

Кaлендар на настани

април 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 4
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија