06.11.2019
06.11.2019, Скопје
ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ УЧЕСТВУВАА НА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ЗАЕДНИЧКО РОДИТЕЛСТВО
Претставници на Народниот правобранител учествуваа на јавната расправа на тема: Заедничко родителство по разводот, организирана од страна на Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Северна Македонија.
При тоа, беа презентирани искуствата и постапувањето на Народниот правобранител во однос на прашањата поврзани со повредата на правата на детето при одржувањето на личните контакти со родителите по разводот.
Нагласувајќи дека нетрпеливоста, меѓусебниот реваншизам и некомуникацијата на родителите по разводот претставуваат ненадминлива пречка за детето непречено да ги остварува своите права, претставниците на Народниот правобранител изразија поддршка на иницијативата за востановување на функционален систем на заедничко родителство по разводот како дел од семејното законодавство, кој ќе биде во насока на најдобриот интерес на детето.