15.11.2013
15.11.2013, Скопје
ПРЕЗЕНТИРАНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНКЕТАТА НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА НА РОМИТЕ
Прибирање на податоци за личното искутство на ромската заедница за дискриминацијата и нивната информираност за институцијата Народен правобранител, беа целите на анкетата спроведена од страна на Институтот за Демократија „Социетас Цивилис„ во рамките на проектот „Најдобри практики за интеграција на Ромите„ имплементиран од страна на Канцеларијата за демократски институции и човекови права ОБСЕ/ОДИХР.
Резултатите од анкетата беа презентирани од страна на заменик народен правобранител м-р. Драги Целевски и преставници од одделението за заштита од дискриминација и соодветана и правична застапеност од канцеларијата на народниот правобранител на трите тркалезни маси што се одржаа во Тетово, Штип и во Скопје.
Истражувањето покажа дека голем процент од испитаниците се информирани за постоење на институцијата Народен правобранител (75,4 осто) иако поголемиот дел,пак, не се информирани за начините на кои Народниот правобранител би можел да им помогне. Резултатите од анкетата, исто така укажуваат на фактот дека припадниците на ромската заедница се уште се чувствуваат дискриминирани во одделни области од живеењето.
„Аспекти на дискриминација кон ромската заедница и нивна заштита“ (
македонски,
албански,
англиски и
ромски јазик)