10.05.2013
Скопје
ВИДЕО НАДЗОР ВО МЕСТАТА НА ЛИШУВАЊЕ ОД СЛОБОДА
Народниот правобранител-Национален превентивен механизам со поддршка на TAIEX програмата и во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци на 10 Мај 2013 година одржа работилница на тема ,,Видео надзорот во местата на лишување од слобода”.
На работилницата поздравни говори имаа Народниот правобранител, г. Мемети, директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, г. Димитар Ѓеорѓиевски, како и претставник од Европската делеганција, г. Мафредас Лимантас.
На работилницата беа презентирани наодите на Националниот превентивен механизам во делот на видео надзор во местата на лишување од слобода, како и искуствата на чешкиот Национален превентивен механизам по однос на оваа тема. Воедно беа презентирани меѓународните стандарди за заштита на податоците со осврт на видео надзорот во местата на лишување и регулативата за видео надзор, содржана во домашната легислатива за заштита на личните податоци.
Свои искуства и размислувања по однос на темата споделија и претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, како и Министерството за здравство.
На крајот од работилницата беа утврдени и основните
заклучоци по однос на обезбедувањето на правото на приватност во местата на лишување од слобода, почитувајќи го личниот интегритет на лишените лица, но и обезбедувајќи заштита и безбедност на местата каде се врши лишување од слобода.