12.07.2011
Прашање од областа на финансиите
Почитуван г-не правобранител,
Ме интересира за колку време застарува побарување по основ на чек за физичко лице.
Ќе ви бидам благодарен доколку ми одговорите на ова прашање.
со почит,
Марјан Витанов
Во врска со Вашиот допис добиен преку електронска пошта, Народниот правобранител во прилог Ви доставува извадок од Законот за чек (“Службен весник на РМ”бр.3/02) и тоа одредбите кои се однесуваат на прашањето за застареност на чек.
12. Застареност кај чек
Член 60
Регресните барања на имателот на чекот против индосантите и против трасантот застаруваат за шест месеци од истекот на рокот за поднесување на исплата.
Регресните барања на индосантите едни против други и против трасантот застаруваат за шест месеци од денот кога индосантот го откупил чекот или од денот кога против него е покрената постапка пред судот.
Член 61
Застареноста на чек се прекинува со поднесување тужба пред надлежен суд.
Со тужбата од ставот 1 на овој член имаат исто дејство и пријавата за побарување по чек во стечај; остварувањето на чековно-правното побарување во текот на постапката; повикувањето во заштита и известувањето со кое тужениот го известува својот претходник дека против него е поднесена регресна тужба.
Известувањето од ставот 2 на овој член се соопштува непосредно преку суд или со препорачано писмо, при што предавањето на судот, односно поштата се смета како ден на известување.
Член 62
Прекинатата застареност повторно почнува да тече:
- во случај кога се поднесува тужба и во случај кога се остварува барањето во текот на траењето на судската постапка, од денот на последното рочиште, доколку ниту во двата случаја поведената постапка не продолжи;
- во случај кога е поднесена пријава во стечај односно ликвидација од денот на завршувањето на стечајната постапка, како и во случај кога во стечај односно во ликвидација се оспори пријавеното побарување од денот на оспорувањето и
- во случај на повикување во заштита и известување за поднесената тужба, од денот на правосилно завршената постапка.