06.06.2011
Како можам да поднесам претставка?
Граѓанинот може да поднесе претставка:
- писмено (лично или по пошта);
- усно на записник во просториите на Народниот правобранител;
- по телефон или телефакс;
- по електронска пошта.
За да може Народниот правобранител да поведе постапка пред надлежните органи и организации потребно е:
- претставката да биде потпишана и да содржи лични податоци на подносителот (име и презиме, адреса, телефон и др);
- да ги содржи околностите, фактите и доказите врз кои претставката се темели (решение, одлука, жалба, заклучок, уверение, потврда, мислење и слично);
- во претставката треба да бидат наведени и органот, односно организацијата или службеното лице на кое се однесува претставката и актот (решение, заклучок, уверение и сл.) со кој е повредено неговото право и
- да биде образложено дали и какви правни средства вложил подносителот.
- Претставката треба да е разбирлива и јасна.
Народниот правобранител во постапувањето по претставката секогаш ја почитува приватноста и тајноста на податоците на подносителот на претставката и за таквата преземена активност подносителот не може и не смее да трпи штетни последици од органот кој му го повредил правото.
За поднесената претставка не се плаќа такса.
За поднесување на претставката не се бара строго определена форма, односно претставката може да биде во ракопис. Во канцеларијата на Народниот правобранител постои неформален образец за поднесување претставка.