Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

01.06.2021

Скопје

СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

По повод одбележувањето на 01 Јуни - Светскиот ден на детето, Народниот правобранител потсетува на обврската за создавање на основните предуслови  со кои секое дете  ќе може да ги ужива правата  загарантирани со Конвенцијата за правата на детето.Тоа во праксата значи да се почитува  детето како личност,  да се сослуша неговото мислење, и да му се овозможи непречено без нинакви форми на дискриминација да си ги остварува  правата.Само на овој начин ќе покажеме дека навистина се залагаме за почитување на најдобриот интерес на детето.

Податоците дека сé уште голем број деца немаат пристап до соодветно образование, или пак, го напуштаат истото, дека немаат здравствена заштита, или пак, дека  живеат во крајно лоши услови, (субстандардни) живеалишта, без потребната грижа и под ризик од секаков вид на зоупотреба, информациите дека со децении нерешениот проблем на неевидетирани деца, кои не можат да бидат запишани во матична  евиденција и да добијат извод од матична книга на родени, и натаму е пречка до било кое право утврдено со Устав и закон, укажуваат на системски слабости кои го оневозможуваат уживањето на правата, и алармира час поскоро институциите да изнајдат решенија  за практично уживање на правата и обезбедување услови за нивен натамошен просперитет.

Народниот правобранител, на овој ден потсетува дека детето треба да биде во агендите и стратегиите на сите органи и институции.Истовремено укажува дека законите и другите правни акти во врска со детето треба да се креираат по мерка на детето, а одлуките да се носат само и исклучиво во негов најдобар интерес. Без оглед дали на локално или пак, на централно ниво се разгледуваат прашања поврзани со детето и неговите права, тоа мора да биде вклучено односно да се слушне гласот на детето. Само на таков начин,  правата на детето ќе  го добијат вистинското место и значењето кое го заслужуваат. Тоа е правилниот пат, на детето да се гледа како на носител на права и учесник во постапките на донесување одлуки.



                                                                            НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2025
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 11
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија