Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

20.06.2019

Скопје

20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

Секоја година, 20. јуни светот го одбележува како Меѓународен ден на бегалците.

Неспорен е фактот дека околу 37.000 луѓе ширум светот поради различни причини се принудени против својата волја да го напуштат својот дом и место на живеење. Во 2018-та година, вкупно 70,8 милиони луѓе се присилно раселени низ светот поради војна, прогони и судири во своите земји.

Од вкупниот број на бегалци низ светот, дури две третини се со потекло од Сирија, Авганистан, Јужен Судан, Мјанмар и Сомалија.

Народниот правобранител по повод Меѓународниот ден на бегалците, изразува загриженост што и во текот на изминатата 2018 година се уште продолжуваат да се провлекуваат истите проблеми коишто беа нотирани изминатите години.

Во Република Северна Македонија и натаму се спроведуваат колективни депортации на лица бегалци, без притоа да бидат почитувани официјални процедури. Она, што особено загрижува е фактот што и покрај укажувањата на Народниот Правобранител да не се задржуваат малолетни лица во Прифатниот центар за странци во Гази Баба, сепак беа нотирани случаи на задржување на малолетни лица, без притоа да бидат употребени други посоодветни алтернативи на задржување.

Народниот правобранител констатира дека во текот на 2018 година, ниту едно лице барател на азил се нема стекнато со статус на признаен бегалец, а евидентен е и проблемот со реализацијата на планот и програмата за интеграција на лицата бегалци во Република Северна Македонија.

Токму затоа, апелира за подигање на јавната свест во однос на придонесот што бегалците го даваат на општествата и заедниците кои ги примаат, и воедно укажува на потребата од зајакнување на системот на правна заштита и остварување на правата на бегалците коишто се сместени во Прифатните центри во државата.
                                                                          НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2025
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 50
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија