Новости и настани
16.11.2016
16.11.2016, Скопје
СТАВ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ДЕНОТ НА ТОЛЕРАНЦИЈАТА
Почитувани граѓани,
Овој ден 16 ноември традиционално се одбележува како Меѓународниот ден на толеранцијата. Денес сите ние имаме можност да се потсетиме за придобивките од толеранцијата, но и да научиме за негативностите на нетолеранцијата.
Сознанието дека сите сме различни, но дека сите ги имаме истите права е основното мото по кое треба да се придржува секој поединец, особено во мултикултурните општества какво што е нашето.
Меѓународниот ден на толеранцијата е поводот кога треба да се дебатира за негативните ефекти од нетолернацијата. Непочитувањето на различностите никому не му носи добро, напротив тоа е најголемата причина за сите поделби кои оставаат длабоки последици врз животите на сите нас.
Толеранцијата е придобивка на демократските општества. Колку повеќе дискутираме за толеранција толку помалку поделби ќе имаме, а колку помалку поделби толку поголем просперитет.
Оваа пригода треба да се искористи за уште еднаш да им се укаже на сите чинители во општеството без разлика на возраста, полот, верата, oбразованието дека почитувањето е основниот темел без кое нема напредок. Доколку ова навреме сите го разбереме, убеден сум дека ќе си го подобриме квалитетот на живеењето.
Одделени за односи со јавност
НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ