Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

23.03.2014

Скопје, 24.03.2014

АПЕЛ ОД НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Народниот правобранител, во пресрет на кампањата за претседателските и предвремените парламентарни избори, упатува апел до сите чинители во изборниот процес за неопходната потреба за водење сметка за најдобриот интерес на детето, односно да се воздржуваат од инволвирање на децата во изборните кампањи. Тоа значи одбегнување на сите обиди за евентуална манипулација, како и злоупотреба на децата за партиско-политички цели.

Апелот го упатувам со цел да не се повторуваат случаите од минатите изборни циклуси во кои децата беа користени во политички настани, спотови и билборди. Исто така, потсетувам дека злоупотребата на децата за политички цели  се смета за кршење на нивните слободи и права, а со тоа и прекршување на сите меѓународни и домашни правила за заштита на правата на детето.

Народниот правобранител истовремено ги повикува и медиумите да се приклучат кон овој апел, со цел одбегнување на можните злоупотреби на децата за политички цели. Во таа насока медиумите треба да се воздржат од емитување на платени политички програми или пораки  доколку во нив се опфатени и децата.
                                                                    

                                                                                                     НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2025
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 26
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија