22.07.2013
Скопје
ИЗБРАНИ НОВИ ЗАМЕНИЦИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ
Собранието на Република Македонија ги избра шесте нови заменици на регионалнте канцеларии на народниот правобранител, како и еден заменик во канцеларијата во Скопје.
За заменик народен правобранител во канцеларијата во Скопје е избрана Васка Бајрамовска Мустафа, за канцеларијата во Битола е избран Васил Јовановски, додека во Струмица Славчо Тимов. Во наредните осум години заменик народен правбранител во канцеларијата во Штип ќе биде Елена Ѓоргоноска Маневска, во Тетово Ирина Стојановска. Втор мандат на местото заменик народен правобранител во канцелариите во Куманово и Кичево добија Насер Весели и Даут Селими.