27.11.2014
27-28.11.2014, Белград Република Србија
ОПКАТ ФОРУМ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
Народниот правобранител г-дин Иџет Мемети и претставник на Националниот превентивен механизам, г-ѓа Аница Томшиќ Стојковска учествуваа на ОПКАТ Форумот на Југоисточна Европа кој се одржа во Белград на 27 и 28 ноември 2014 година.
Тема на Форумот беше Превентивниот пристап во сузбивањето на тортурата, како и борбата со неказнивоста, а во поздравниот дел учествуваше меѓу другите и г-дин Малком Еванс, претседавач на Подкомитетот на Обединетите Нации за превенција на тортура како и Омбудсманот на Република Србија г-дин Саша Јанковиќ.
На Форумот учествуваа претставници од Подкомитетот на Обединетите Нации за превенција на тортура, Европскиот комитет за превенција од тортура, членките на мрежата на Национални превентивни механизми од Југоисточна Европа, превентивни механизми од Чешка, Полска, Латвија, Азербејџан, како и претставници на граѓанскиот сектор на Русија.
Меѓу темите кои беа опфатени се разговараше за начинот на следење на дадените препораки, потребата од независност и автономија на НПМ-те, улогата на форензичарите во превентивните посети, како и јакнењето на јавната свест за забрана на тортура.
Следниот ден продолжи со одржување на Конференција за превенција од тортура и други форми на нечовечно постапување при што беше истакната и улогата на Парламентот, како и на судските органи во превенцијата и заштитата од тортура.
На Конференцијата беа одржани одделни сесии, а сесијата посветена на превенција од нечовечно постапување во затвори ја модерираше г-ѓа Аница Томшиќ Стојковска од Македонскиот Национален превентивен механизам. На крајот од сесијата беа донесени и заклучоци меѓу кои потребата од градење на партнерства со цел превенција, обезбедување на заштита на вработените во местата на лишување од слобода кои пријавуваат нехумано постапување со осудените лица, потребата од ефикасно истражување на овие дела, целосна имплементација на домашната и меѓународната рамка за правата на лица лишени од слобода.