26.05.2014
26-27.05.2014, Љубљана Република Словенија
СОСТАНОК НА НПМ МРЕЖАТА ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
Националниот превентивен механизам (НПМ), учествуваше на состанокот на НПМ мрежата од Југоисточна Европа кој се одржа во Љубљана на 26 и 27 мај. Покрај членките на мрежата, на состанокот учествуваше и претставник од унгарскиот Омбудсман, а воедно беше одлучено во мрежата да биде примен и Националниот превентивен механизам од Бугарија.
Основната цел на состанокот беше размената на искуства и добри практики во однос на подготовката на Годишниот извештај кој е обврска на НПМ-от согласно Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортура, па во таа насока беше дискутирано за значењето, односно целта која ја има годишниот извештај, неговата подготовка, содржината што треба да ја има, како и неговото презентирање и доставување до надлежните тела.
На состанокот беа разменети искуства од методологијата на работа, а беше посетен и Центарот за задржување во Полициска станица Љубљана.