Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО 22.03.2019

22-23 03.2019, Дубровник, Република Хрватска

РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

Заменичката на народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска -Мустафа и државниот советник Вјолца Рушај, учествуваа на шесттиот Регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа, што се одржа во Дубровник, Република Хрватаска во организација на AIRE Центар и Civil rights defenders.

На овој Форум учествуваа 170 претставници од судството (врховни судови, уставени судови, судските совети), академиите и институциите за обука во правосудството, владините агенти пред Судот во Стразбур, како и претставници на невладините организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Северна Македонија, Црна Гора ,Србија, Турција и Унгарија, а се водеа дискусии за правата на детето, односно најдобриот интерес на детето во постапувањето на надлежните судови, и праксата на Европскиот суд за човекови права, за прашања поврзани со семејното насилство (каде децата се жртви и сведоци), трговија со луѓе, азил, старателство и грижа за децата, како и пристап до правда за децата.

Целта на овој Форум беше да се промовира спроведувањето на Европската конвенција за човекови права на национално ниво, да се поттикне регионалната соработка во услови на континуиран развој на владеењето на правото и човековите права и да помогне во процесот на интеграција на регионот во ЕУ.


Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2025
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 3
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија