30.11.2018
30.11.2018, Брисел, Кралство Белгија
СЕМИНАР НА ТЕМА „ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА И ПОЛОВА ЕДНАКВОСТ“
Во организација на Европската Унија на 30 ноември во Брисел, Кралството Белгија се одржа семинар на тема „Правен семинар за заштита од дискриминација и полова еднаквост“, а на кој учествуваа претставници од земји членки на Европската Унија и земји кандидати за членство во Унијата, како и на земји од бившиот Советски сојуз.
Народниот правобранител на Република Македонија учествуваше со претставник кој работи на полето на заштита од дискриминација и соодветна и правична застапеност.
Програмата на еднодневниот семинар се одвиваше во насока на утврдување на правни недоследности (GAPS) во постојната регулатива која го покрива сегментот на заштита од дискриминација и половата еднаквост, како и во давање на предлози за нивно надминување.
На крајот на семинарот беше констатирано дека Европската комисија ќе состави соодветен Извештај од предстојниот семинар, кој ќе биде доставен до сите релевантни тела кои работат на полето на заштита од дискриминација и полова еднаквост.