27.10.2016
27-28.10.2016, Загреб, Република Хрватска
ГОДИШЕН СОСТАНОК НА (ENNHRI)
Заменичката на народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа учествуваше на Годишниот состанок на членките на Европската мрежа на национални институции за човекови права (ENNHRI), што се одржа во Загреб, со која претседаваше правобранителката/ омбудсманката на Република Хрватска, г-ѓа Лора Видовиќ. На дводневниот состанок учествуваа претставници на повеќе од 30 држави-членки на Европската мрежа на национални институции за човекови права, кои расправаа за актуелните предизвици и состојбите во областа на заштита и промоција на човековите права, на европско и национално ниво, како и за плановите за понатамошни активности на Мрежата. Посебен дел на средбата беше посветен на човековите права во контекст на борбата против тероризмот, за што беше посветен работен семинар.
Покрај членките на Европската мрежа на национални институции за човекови права, на средбата учествуваа претставници на Европската комисија, Советот на Европа, Агенцијата за човекови права на ЕУ (FRA), Одборот за елиминација на расната дискриминација (CERD), ОБСЕ , како и претствници на од Амнести интернешенал.