Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРАВНА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА 28.06.2016

28-29.06.2016 година, Будва, Црна Гора

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРАВНА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Претставник на Народниот правобранител учествуваше на меѓународната конференција за правна заштита од дискриминација што под покровителство на Германската институција за меѓународна соработка се одржа во Будва, Република Црна Гора на 28 и 29 јуни.

Во фокусот на конференцијата беше регионалната соработка во Југоисточна Европа по однос на прашањето за подобра правна заштита од дискриминација. На конференцијата беа презентирани поединечни истражувања изработени за секоја земја од регионот, како и компаративна анализа.

Учесниците на конференцијата имаа можност во засебни работни групи да дискутираат на две теми, и тоа правното образование и обуките за антидискриминација во регионот на Југоисточна Европа, како и јакнење на капацитетите на земјите од регионот по однос на ова прашање.

На конференцијата земаа учество претставници од Омбудсман институциите на земјите од регионот, комисии за антидискриминација, министерства за труд и социјална работа, како и претставници од невладиниот сектор.


Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2025
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 12
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија