13.06.2016
13-14.06.2016 Брисел
КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА НА ОМБУДСМАНИ
Претставник на Народниот правобранител учествуваше на Kонференција во организација на Европската мрежа на омбудсмани што оваа година се одржа во Брисел, Белгија.
На конференцијата се дискутираше за актуелни теми од интерес за омбудсманите на земјите членки на Европската Унија, бегалската криза во Европа и напорите на земјите-членки за нејзино надминување, транспарентноста на лобирањето, новина во работењето на европските омбудсмани, како и почитување и спроведување на правото, односно владеење на правото во земјите членки на Унијата и улогата на омбудсманите во тој процес.
Оваа година, на конференцијата покрај претставници на Омбудсман институции од сите земји членки на Унијата, учество земаа и претставници од земји со кандидатски статус за пристап кон Унијата како Македонија, Албанија и Турција.