26.04.2016
26-27.04.2016, Барцелона, Кралство Шпанија
МЕЃУНАРОДНА РАБОТИЛНИЦА ЗА СОВРЕМЕНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ И ЗАКАНИ ПО ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА
Претставник на Народниот правобранител учествуваше на меѓународната работилница за современите предизвици и закани по човековите права што во организација на Каталонскиот омбудсман се одржа на 26 и 27 април во Барцелона,Кралството Шпанија.
Во фокусот на работилницата беа последните случувања на безбедносен план, особено мигрантската криза. На работилницата посебен акцент беше ставен на улогата на Омбудсманите во заштитата на фундаменталните права под напливот на расизмот и ксенофобијата кои особено се присутни во последниот период. Исто така, беше заклучено дека Омбудсманите треба да посветат посебено внимание при спроведувањето на легислативата во пракса.
Во рамките на средбата се дискутираше и за новите надлежности на Омбудсман институциите, како заштитата од тортура, алтернативните начини на решавање спорови, транспарентноста и пристапот до информации на ЛГБТИ лицата, но и независноста на институциите, недостатокот на средства за нивно функционирање, па дури и нивно укинување.
На работилницата учествуваа омбудсмани и претставници на Омбудсман институции од сите земји на Европа.