Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

ДЕВЕТТИ СОСТАНОК НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ОМБУДСМАНИ НА МЕДИТЕРАНОТ 09.03.2016

09-10.03.2016, Малта

ДЕВЕТТИ СОСТАНОК НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ОМБУДСМАНИ НА МЕДИТЕРАНОТ

Народниот правобранител, г. Иџет Мемети учествуваше на деветтиот состанок на Асоцијацијата на Омбудсмани на Медитеранот насловен како „Омбудсманот-главен играч во доброто владеење“ што оваа година се одржа на 9 и 10 март на Малта.

Во фокусот на средбата беше мигрантската криза во Европа и улогата што омбудсманите и медијаторите во земјите на Медитеранот ја имаат во заштита на правата на мигрантите и бегалците. Народниот правобранител, г. Иџет Мемети имаше излагање на оваа тема, осврнувајќи се на состојбата со бегалците кои транзитираат низ Република Македонија,  улогата на институцијата Народен правобранител во заштита на правата на овие лица, но и состојбата во двата транзитни центри во кои престојуваат бегалците особено во последниот период кога земјите од т.н. Балканска рута ги затворија границите. Тој побара сериозен пристап од сите актери вклучени во решавање на ова прашање со цел изнаоѓање хуман третман кон овие лица, а особено кон ранливите категории, односно децата, жените и старите лица. На оваа средба Асоцијацијата усвои Декларација со која земјите на Асоцијацијата се заложија да влијаат на сите релевантни чинители, домашни и меѓународни, државни и невладини, во почитување на стандардите и обврските кои произлегуваат од меѓународните закони за човекови права, вклучувајќи ја тука и Женевската конвенција од 1951 година, со цел заштита на човековите права на бегалците кои транзитираат низ земјите на Медитеранот и хуман третман кон нив.

Во рамките на средбата се одржа и Генералното собрание на Асоцијацијата на кое се избраа новите членови на управните органи и се примија нови земји- членки со право на глас, Монако и Косово. На Генералното собрание се договори и местото на идната средба на Асоцијацијата што во 2018 година ќе се одржи во Охрид, Република Македонија.


Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2025
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 17
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија