Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

10.02.2014

10.02.2014,Љубљана,Република Словенија

ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ОМБУДСМАНИТЕ ОД РЕГИОНОТ

На 10 февруари во Љубљана во организација на Централно европската иницијатива (ЦЕИ), Советот за регионална соработка и Европската Унија се одржа состанок на омбудсманите од регионот на кој беше договорено унапредување на понатамошната соработка во регионот, а омбудсманите усвоија и заедничка изјава.

Омбудсманите на Албанија, Босна и Херцеговина,Црна Гора, Хрватска, Косово , Македонија, Словенија и Србија ги повикуваат властите од своите земји да покажат поголема грижа, сензибилност и доследност во решавањето на прашањата од областа на економските и социјалните права на граѓаните, затоа што непочитувањето на овие права е најголема закана за човековите права во целина.

Обудсманите посебно укажуваат на потребата постојните проблеми да се решаваат низ широк општествен дијалог и целосно почитување на виталните интереси на најзагрозените групи од населението.

Почитувањето на човековите права и владеењето на правото во секоја ситуација, а особено  во случаите кога граѓаните го изразуваат своето незадоволство за сите власти е императив, што омбудсманите секојдневно ќе го надгледуваат.


Пребарување

Кaлендар на настани

август 2025
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија