11.06.2012
Париз, Франција
ШЕСТА СРЕДБА НА ЧЛЕНКИТЕ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ОМБУДСМАНИТЕ НА МЕДИТЕРАНОТ
„Зајакнување на улогата на омбудсманот„ беше тема на шестата средба на членките на Асоцијацијата на Омбудсмани на Медитеранот што на 11 и 12 јуни се одржа во Париз а на која учествуваше преставник на Народниот правобранител.
Учесниците посебно се осврнаа на моќта на институцијата омбудсман врз јавната администрација, начинот на кој таа допира до ранливите групи (деца, лица со посебни потреби, жени и стари лица) како и на предизвиците на омбудсманот во одбрана на правата на нелегалните мигранти. На средбата истота така се зборуваше и за едукацијата во областа на човековите права и улогата на институцијата Омбудсман, како и зајакнување на соработката помеѓу земјите членки на Асоцијацијата.
Во рамките на овој дводневен настан се одржа и Генералното собрание на Асоцијацијата.