20.10.2010
Цриквеница, Република Хрватска
РЕГИОНАЛНА ТРКАЛЕЗНА МАСА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕХАНИЗМИ ПОД ОПКАТ
Во организација УНДП Регионалниот центар од Братислава, УНДП Хрватска, Асоцијацијата за превенција на тортура и Канцеларијата на Омбудсманот на Република Хрватска од 20 до 22 октомври во Цриквеница, Република Храватска се одржа Регионала тркалезна маса на националните превентивни механизми согласно ОПКАТ за имплементација на предизвиците и улогата на Националните превентивни механизми, на која учествуваше и македонскиот омбудсман г. Иџет Мемети.
Господин Мемети имаше излагање за искуството на македонскиот омбудсман во работењето како национален превентивен механизам. На средбата меѓу другото стана збор и како да се зајакнат вештините по однос на превенцијата, а омбудсманите од регионот разговараа и за подобрување на регионалната соработка со особен акцент на полето на превенцијата на тортура. Беше договорено во иднина со соработка со УНДП почесто да се ораганизираат регионални средби за размена на искуства од работата.