Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

  ГОДИШНА РАБОТНА СРЕДБА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ 06.05.2011

Охрид

ГОДИШНА РАБОТНА СРЕДБА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Во рамки на реализацијата на проектот МОСП поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и шведската Меѓународна агенција за развој СИДА, од шести до осми мај годинава во Охрид се одржа работна средба на вработените во институцијата Народен правобранител.

На средбата стана збор за проектните активности кои во наредните 18 месеци ќе се спроведат во рамките на твининг проектот финансиран од ИПА претпристапните фондови на Европската Унија, како и за активностите кои ќе се одржат во рамките на мрежата на омбудсманите за деца CRONSEE чиј домаќин годинава е македонскиот омбудсман.

Исто така беше претставена и новата организациска структура на Народниот правобранител, начинот на работа на трите новоформирани организациски единици – Одделението за превенција на тортура и друг вид свирепо, нечовечко или понижувачко постапување или казнување т.н. национален превентивен механизам, Одделението за заштита на детето и на лицата со посебни потреби и Одделението за заштита од дискриминација и за соодветна и правична застапеност.

Вообичаено беа разменети искуства од досегашната работа, односно постапувањето по претставките, а се разговараше и за надградбата на постоечката апликација со воведување во системот на трите нови одделенија.


Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2025
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 4
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија