Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

Прецизни, јасни, едноставни законски процедури усогласени со меѓународните стандарди 21.11.2006

Прецизни, јасни, едноставни законски процедури усогласени со меѓународните стандарди

“Прецизни, јасни, едноставни законски процедури усогласени со меѓународните стандарди, како и целосна поддршка од државните органи ќе помогнат да се подигне нивото на соработка на јавната администрација со омбудсманот. “

Ова е еден од шесте заклучоци што произлегоа од дводневната конференција на тема “Соработката со Омбудсманот релевантен фактор за развојот на демократијата” која од 20 до 22 ноември се одржа во Скопје во организација на канцеларијата на Омбудсманот на Република Македонија со поддршка на проектот на Европската унија “TAIEX”. На Конференцијата учество зедоа преставници на Омбудсман институциите од земјите во регинот, како и  преставници на Европскиот омбудсман институт, Интернационалниот омбудсман институт, Парламентарниот омбудсман на Шведска, а за соработката на Омбудсманот со невладините организации зборуваше г. Ѓунер Исмаил преставник на НВО “Форум”. Универзитетскиот професор д-р.Љубомир Фрчковски, пак, се осврна на темата “Отвореноста на администрацијта спрема омбудсманот предуслов за ефикасна борба против дискриминацијата”. Македонскиот омбудсман г. Иџет Мемети имаше излагање на тема “Квалитетот на соработката меѓу Омбудсманот и администрацијата-мерило за степенот на остварување на слободите и правата на човекот”.
Конференцијата ја отвори народниот правобранител на Република Македонија г. Иџет Мемети, а присутните ги поздравија и Претседателот на Република Македонија г. Бранко Црвенковски, министерот за правда Михајло Маневски, како и Наталија Дрозд, вршител на должноста амбасадор на ОБСЕ во Македонија и Патрик Паке, прв секретар на политичкиот и  информативниот сектор, делегација на Европската комисија во Скопје
“ Човековите основни потреби претполагаат почитување на слободите и правата кои имаат исти вредности насекаде, а нивната заштита е императив на секое модерно, демократско општество. И самиот факт што ќе дебатираме за нивото на нашата соработка со институциите на кои сме упатени, оди во прилог на тоа дека човековите слободи и права не признаваат и не познаваат граници. Особено ме радува фактот што на оваа конференција ќе можат да се слушнат  искуствата и на омбудсманите од државите со развиени демократии, но и на земјите во транзиција. Да се слушнат различни  мислења и примери од практиката е важно за отварање нови видици за натамошната работа на сите нас. Сосема сум сигурен дека размената на искуствата кои сме ги стекнале низ нашата работа многу ќе помогне да се носиме со предизвиците на новото време”рече во своето обраќање омбудсманот г. Иџет Мемети.
Претседателот на Република Македонија г. Бранко Црвенковски  истакна дека улогата на Народниот правобранител е особено значајна во процесот на транзиција. “Навистина соработката со омбудсманот преставува релевантен фактор за развој на демократијата. Но, за жал, се уште во извештаите на Народниот правобранител на Република Македонија може да се забележи неговото незадоволство од односот на органите на државната управа” рече Црвенковски.
За овластувањата на омбудсманот со осврт на меѓународните стандарди зборуваше г. Николаус Шварцлер член на извршниот одбор на Европскиот омбудсман институт.
“Кога во Австрија се востанови институцијата Омудсман таа доби право  да ја истражува легалноста на одлуките на уставниот суд. Причината беше  од правен карактер, омбудсман институцијата ги истражува одлуките на админстрацијата, кои ,пак, поминуваат низ филтерот на Уставниот суд кој се грижи за нивната законитост. Оваа можност да се испитуваат одлуките на Уставниот суд беше мошне значајна и голем потстрек за Омбудсманот .Овој пример на Австрија сега го следат многу држави во реалциите Омбудсман- Уставен суд.”
Народниот правобранител на Република Албанија, во неговиот говор на тема: ,,Надлежностите на Народниот правобранител пред Парламентот- иницијативи за измени и дополнувања на закони и посебни извештаи,, меѓу другото рече: ,,Соработката на Народниот правобранител со Собранието на Албанија е наш приоритет. При вршењето на нашите обврски работиме многу во однос на зачувување на нашата независност. Уверени сме дека нашата институција и понатаму ќе ја има поддршка од сите политички партии, бидејќи Народниот правобранител треба да биде силна институција, а не пинг - понг топка во рацете на политичките партии, кои го сочинуваат парламентот, бидејќи можно е да се обидуваат да влијаат врз неговото делување или да прават напори во насока на ограничување на неговата независност”.
 Зборувајќи за невладините организации и соработката со омбудсманот г. Ѓунер истакна дека тоа се институции кои се на иста страна, на страната на заштитата на слободите и правата на граѓаните и дека е потребна вистинска соработка за успех на ова поле.
Осврнувајќи се на темата ”Квалитетот на соработката меѓу Омбудсманот и администрацијата-мерило за степенот на остварување на слободите и правата на човекот”, македонскиот Омбудсман г. Иџет Мемети, меѓу другото рече:
 “За остварување на основните слободи и права, човекот во секојдневието има неопходна потреба за комуникација со државната управа и со другите органи и организации. Начинот на кој функционира управата меѓу другото, преставува и своевидна илустрација во колкава мера и колку ефикасно граѓаните ги остваруваат нивните загарантирани права. Оттаму недвосмислено можеме да заклучиме дека ефикасното и законито постапување, како и доброто административно однесување на службениците во јавната администрација има особена важност за граѓаните во одлучувањето за нивните права”
Зборувајќи, пак, за тоа дали преку изнаоѓање на законските решенија може да се зајакне соработката со администрацијата г.Петер Костелка, омбудсман на Австрија и претседател на Интернационалниот омбудсман институт истакна дека Европскиот омбудсман по сопствена иницијатива го изготви и го промовираше Кодот за добро административно однесување. “Се чини дека значајно и неопходно беше да се  направи  проверка дали  националниот закон за административна постапка  е во согласност  со принципите на Законот за администрација донесен од страна на Европската Унија. Ова може да се прави заедно со претставниците на јавната администрација по иницијатива на Омбудсманот. Од есенцијално значење е администрацијата да биде таа која ќе се обврзе дека  ќе биде  најзначајниот чинител во имплементирањето на Кодексот. Но, за да се осигураме во ова Кодексот мора да биде опфатен во законска рамка”.
Професорот  од Универзитетот “Св Кирил и Методиј” од Скопје д-р Љубомир Фрчковски осврнувајќи се на темата “Отвореноста на администрацијата спрема Омбудсманот- предуслов за ефикасна борба против дискриминацијата “ рече дека за ова прашање значајни се неколку акти кои ги има донесено Европската унија. “Кодексот за добро административно однесување особено членот 22 кој зборува за  правото на информација, зелениот картон за транпарентноста и белата книга за отвореноста за комуникации се трите документи на кои треба да им се обрне внимание и кои се значајни за реалацијата Омбудсман-администрација”.
Амабасадорот на Европската унија во Македонија г. Ерван Фуере, кој присуствуваше на затворањето на Конференцијата потенцираше дека улогата на Омбудсманот е од големо значење за демократизацијата на општеството. “Со уставните измени од 2001 година беше зајакната положбата на омбудсманот, кој има голема улога во заштитата од недискриминација и правата на малцинствата нешто што е потенцирано и во извештајот на Европската комисија од 8 ноември оваа година. Неодамнешното отворање на шесте регионални канцеларии на Омбудсманот ги направи неговите услуги подостапни за грѓаните. Тие сега знаат каде да се обратат кога им се загрозени нивните слободи и права” рече  г. Фуере.

Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2025
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 7
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија