Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

06.12.2005

Скопје, Хотел Арка

Присутните претставници во текот на регионалната конференција особено обрнаа внимание на проблемите кои се однесуваат на имплементацијата на малцинските права, партиципацијата на малцинствата во процесот на децентрализацијата во Југоисточна Европа и унапредување на нивното учество во политичкиот и општествениот живот.

 При тоа, беше изнесена општата констатација според која прашањето за малцинствата е клучно за внатрешната стабилност на секоја држава и за пристапот кон Европската Унија. Воедно, беа предочени и мониторинг извештаите на меѓународните невладини организации кои упатуваат на фактот дека и покрај тоа што во државите постои легислатива со која се обезбедуваат малцинските права, сепак имплементацијата не е соодветна, акцентирајќи ги при тоа како причини: недостигот на политичка волја, недостигот на знаење особено во реформските процеси во локалната самоуправа како инструмент за заштита на правата на малцинствата и недостигот на финансиски средства.

Во овој контекст беше и излагањето на Канцеларијата на Народниот правобранител, со посебен осврт во делот на сопствената уставна и законска надлежност, како и конкретното постапување.

 


Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2025
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 4
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија