Активности
24.02.2021
Скопје
СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
„Соработката со невладиниот сектор/граѓанските организации е од исклучителна важност за институцијата Народен правобранител во сите сегменти, посебно во делот на функционирање на Механизмот за граѓанската контрола, предвиден со Законот за народен правобранител“.
Ова е заедничкиот заклучок од средбата на народниот правобранител г. Насер Зибери, со претставниците на здруженијата од областа на човековите права, полициското право и правосудството - Хелсиншкиот комитет, Здружението млади правници и Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, кои минатата година беа избрани од Собранието на Република Северна Македонија, за да учествуваат во состав на овој механизам.
На средбата се разменија мислења околу начинот на практично функционирање на механизмот, за што двете страни, се договорија во најбрз можен рок, да дадат свои сугестии и мислења во поглед на надминување на одредените технички проблеми, кои во изминатиот временски период го оневозможуваа неговото отпочнување со практична работа.