07.03.2020
Скопје
РОМСКАТА ЖЕНА ВО 21 ВЕК – МОЖНОСТИ, ПРИДОНЕСИ И ПРЕДИЗВИЦИ
Заменичката на народниот правобранител, г-ѓа Васка Б-Мустафа, учествуваше на Панел дискусијата која во пресрет на Денот на жената 8- ми март се одржа во ЕУ куќа (EU house) во Скопје, а организиран од Коалицијата „Khetane„.
Како една од панелистките, заменичката Бајрамовска-Мустафа говорејќи на тема „Жените Ромки во 21 век – можности, придонеси и предизвици“, споделувајќи го личното и професионално искуство упати апел за охрабрување на жената Ромка, за поголемо учество во концептот на родовата еднаквост, потенцирајќи ја важноста од нејзиниот придонес во процесот на интеграција на ромската заедница, носењето на одлуки и креирањето оддржливи политики за Ромите во Северна Македонија.
На настанот се обрати и првата дама, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, како и г-ѓа Марта Гарсија Фидалго, советничка и координаторка за интеграција на Ромите и еднаквост од генералниот директорат за соседство и проширување на Европската комисија.