Активности
09.10.2019
Скопје
ЗАМЕНИК-НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Д-Р ЈОВАН АНДОНОВСКИ УЧЕСТВУВАШЕ НА РЕГИОНАЛЕН СОСТАНОК „ХОРИЗОНТАЛЕН ИНСТРУМЕНТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН И ТУРЦИЈА 2“
Заменик-народниот правобранител, д-р Јован Андоновски учествуваше на Регионалниот состанок за промоција на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2”.
На состанокот учествуваа претставници од институциите за заштита на човековите права, како и за заштита од дискриминација и промоција на еднаквост од земјите на Западниот Балкан (народни правобранители, тела за еднаквост и заштита од дискриминација). Свои обраќања имаа директорка на канцеларијата на Генералниот директорат за програми на Советот на Европа, Верена Тејлор, Колин Волф, шеф на Одделот за регионална соработка и програми за Западен Балкан при Генералниот директорат за добрососедска политика и преговори за проширување на ЕК, како и Анџела Лонго, Програмски менаџер при Советот на Европа која го презентираше регионалниот план за „Промоција на разновидност и еднаквост на Западен Балкан“.
Од страна на присутните беше разговарано како на ефикасен начин да се преточат целите на програмата „Хоризонтален инструмент 2“ во конкретни придобивки за граѓаните од Западен Балкан и од Турција. Заменик-народниот правобранител, д-р Јован Андоновски ја образложи институиционалната поставеност и законодавната рамка во соодветната област и изрази очекување дека целите на проектот ќе бидат во целост реализирани.
Втората фаза од програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција” се однесува за периодот 2019 – 2022 година и е со вредност од 41 милион евра и ќе опфати активности во Северна Македонија, Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора и во Србија.