Активности
10.09.2019
Скопје
НАЦИОНАЛНА КАМПАЊАТА “ГЛАСНО ПРОТИВ ГЛАСИНИ“
Претставник на Народниот правобранител, на 10.09.2019 година учествуваше на настан со кој официјално се означи почетокот на Националната кампања “Гласно против гласини“,поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Кампањата под слоганот „СекојаЕднаЕВредна“, има за цел да ја подигне свеста за штетното влијание од ширењето „гласини“ кои доведуваат до родови стереотипи и предрасуди за жените во македонското општество. На настанот официјално обраќање имаше Амбасадорот Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а активно учество имаа жени и девојки чии инспиративни приказни се дел од серијата активности.
Народниот правобранител ја поздравува заложбата за отстранување и надминување на родовите стереотипи и предрасуди за жените, како и намерата едукативно да се влијание против ваквата негативна општествена појава.