05.12.2018
Скопје
СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ СО ЗАМЕНИЧКАТА НА ОМБУДСМАНОТ НА РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА
Народниот правобранител, г. Иџет Мемети оствари средба со заменичката на обмудсманот на Република Турција, г-ѓа Сесил Озлем Тунчак, на која соговорниците разменија мислења во однос на мандатите, надлежностите и начинот на функционирање на институциите.
На средбата и двајцата соговорници се согласија дека е потребна поблиска соработка помеѓу двете омбудсман институции и размена на искуства и пракси, како и зајакнување на билатералната соработка во иднина.