Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ЗАМЕНИК-НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г-ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА МУСТАФА УЧЕСТВУВАШЕ НА НАЦИОНАЛНА ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА СОСТОЈБАТА СО РОМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 21.11.2018

21.11.2018, Скопје

ЗАМЕНИК-НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г-ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА МУСТАФА УЧЕСТВУВАШЕ НА НАЦИОНАЛНА ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА СОСТОЈБАТА СО РОМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Заменик народодниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа учествуваше на Национална тркалезна маса за застапување на Ромите во Република Македонија, на која беше објавена публикацијата„Предизвици и нееднаквости во домувањето, образованието и здравствената заштита“, која ја организираше Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“ од Тетово.

Во своето воведно обраќање, поздравувајќи го издавањето на овој документ кој содржи препораки до македонската влада и локалните самоуправи за подобрување на состојбите во образованието, домувањето и здравството, г-ѓа Мустафа потенцира дека припадниците на ромската заедница се уште се соочуваат со проблеми во овие области и честопати се дискриминирани и маргинализирани, иако Република Македонија донесе базичен документ како што е Националната Стратегија за Роми 2005 – 2015, а во тек е спроведувањето и на новата Стратегија за Роми 2014-2020, во која прашањата во овие области и натаму остануваат најактуелни прашања, чие решавање не трпи одлагање.

Запознавајќи ги со заклучоците и препораките од Истражувањето, насловено „Инклузија на Ромите по декадата на Ромите- тековна состојба и предизвици“, кое Народниот правобранител го промовира во почетокот на ноември оваа година, г-ѓа Мустафа потенцира дека за Народниот правобранител како орган кој ги промовира и штити правата на граѓаните, почитувањето на човековите права на Ромите претставува  тест за тоа колку доследно се применуваат концептите на правната држава, еднакавиот пристап без дискриминација, и почитувањето на различностите, а во однос на стратегиите за подобрување на состојбите кај оваа ранлива група граѓани укажа дека е потребно вложување на поголеми финансиски средства, како од страна на државата, така и од страна на локалната заедница, се со цел припадниците на ромската заедница да ги подобрат условите на живеењето.

На настанот, покрај заменичката на Народниот правобранител, воведни обраќања имаа министерот без ресор г-дин Аксел Ахмедовски,и пратеникот г-дин Самка Ибраимоски, а беа поканети претставници на државни институции од клучните области, претставници на меѓународни институции/организации, експерти, организациите членки на Мрежата за застапување на Ромите и медијатори.

Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2025
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 4
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија