Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ОМБУДСМАНОТ-МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ И ИНСТИТУЦИИТЕ 06.07.2017

06.07.2017, Тетово

ОМБУДСМАНОТ-МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ И ИНСТИТУЦИИТЕ

Во рамки на проектот „Граѓански мониторинг на Народниот правобранител“, поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија, Народниот правобранител г. Иџет Мемети и заменик-народниот правобранител г-ѓа Ирина Стојановска учествуваа на дебата „Омбудсманот-меѓу граѓаните и институциите“, што се одржа во организација на НВО Инфоцентарот и Хелсиншкиот комитет во Тетово.

„Институцијата секогаш треба да го следи пулсот на граѓаните и нивните потреби, и даде одговор на неколку прашања , како што се: Дали и како Омбудсманот ги штити граѓаните и нивните права пред државните институции?, Дали граѓаните го препознаваат Омбудсманот како свој заштитник?, Дали државните институции постапуваат според укажувањата на Омбудсманот?, Дали Омбудсманот има репутација на силна, авторитетна и независна институција во јавноста? истакна Народниот правобранител г. Иџет Мемети.

За слабостите на кои се жалат граѓаните од функционирањето на локалната власт и начинот на кој институцијата на локално ниво се справува со остранувањето на проблемите  како и активностите кои се преземаат за доближување на институцијата до граѓаните, до учесниците на дебатата се обрати г-ѓа Ирина Стојановска, Заменик народен правобранител во канцеларијата Тетово.


Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2025
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 5
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија