Активности
13.05.2016
13-15.04.2016, Охрид
ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ–НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ УЧЕСТВУВАШЕ НА СЕМИНАР ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ НА ЛИЦА
Претставник на Народен Правобранител – Национален Превентивен Механизам, учествуваше на семинар, која од 13 до 15 април се одржа во Охрид, а на која се изработи финалната верзија на Стандардно оперативните процедури за постапување со ранливите категории на лица-странци, како што се бремените жени, децата,самохраните родители. Овој документ планирано е да биде водич кој ќе помогне да се обезбеди соодветен пристап кон овие ранливи групи.
Инаку, работилницата беше во организација на Секторот за азил при Одделот за граѓански работи, Министерство за внатрешни работи и Канцеларијата на УНХЦР во Скопје.