06.05.2016
06.05.2016, Скопје
ЗАМЕНИК-НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНТЕЛ Г-ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА МУСТАФА ПРИСУСТВУВАШЕ НА ПРОМИЦИЈА НА ПРЕВОДОТ НА ПРИРАЧНИКОТ ЗА ЕВРОПСКО ЗАКОНОДАВСТВО ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ
„Заштитата на личните податоци е актуелна тема со која секојдневно се среќаваме. Грижата за почитување на приватноста на поединецот е значаен дел на достоинството на човекот, но исто така е одлика на општетството во кое се развива демократијата и принципот на владеење на правото. Оттука, од клучно значење за заштита на ова основно право на граѓанинот е разбирањето на инструментите и правните прописи на националното и европското законодавство, вклучително и судската практика по ова прашање“.
Ова меѓу другото, го рече заменик народниот правобранител г-ѓа Васка–Бјарамовска Мустафана на промоцијата на преводот на македонски јазик на публикацијата „Прирачник за европското законодавство за заштита на податоците“, што се одржа во хотелот „Арка“ во Скопје.
Промоцијата беше во организациј на Германскат фондација за меѓународна соработка, Академијата за судии и јавни обвинители, Народниот правобранител, Адвокатската комора и Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.