Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА „ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ ВО РЕДОВНОТО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ“ 02.12.2015

02.12.2015, Скопје

ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА „ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ ВО РЕДОВНОТО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ“

„Само еден ден не дели од одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со хендикеп – 3 Декември. Токму, на прагот на овој ден го организираме овој настан како заложба на нашата институција во подигање на јавната свест за Аутизмот и создавање услови за непречено остварување на правото на образование на децата со аутистичен спектар на нарушување во Република Македонија.Ние како иснтитуција ја поддржавме иницијативата на група родители за посериозен пристап и потребата од подигање на свеста за третманот на децата со аутизам и нивните потреби, односно за неопходноста од прифаќање на овие деца и нивното вклучување во општеството. Денес, продолжуваме со активностите поврзани со децата со посебни потреби и нивните права, а акцентот го ставаме на правото на образование на децата со аутизам, за што спроведовме Истражување  во основните училишта, во учебната 2014/2015 година, во врска со бројната состојба на децата со аутистичен спектар на нарушување и подготвеноста на училиштата за квалитетно и ефикасно образование на овие деца во редовна настава“.

Ова, меѓу другото го рече во својот поздравен говор народниот правобранител г.Иџет Мемети на отворањето на тркалезната маса на тема „Децата со аутизам во редовното основно образование“ што се одржа во ЕУ Инфо центарот во Скопје.

Според Мемети ставот на институцијата Народен правобранител е јасен а тоа е дека и децата со аутизам треба да имаат исти права како другите деца, да ги уживаат правата на подеднаква основа, а заради специфичноста на нивните потреби општетството е должно да создаде и да обезбеди услови за непречено остварување на овие права, вклучително и правото на образование во инклузивни училишта и интегрирано опкружување, што ќе даде ефикасни резултати.

„Од одговорите на 256 основни училишта, Народниот правобранител констатира дека децата со аутистичен спектар на нарушување се вклучени во редовното основно образование, но не секое училиште е подготвено да му обезбеди соодветно образование на детето со аутизам, согласно неговите потреби.Училиштата не се кадровски, просторно, ниту материјално опремени со потребните наставни средства/помошни материјали. Од друга страна наставниот кадар не е доволно (во некои училишта воопшто не е) обучен за работа со деца со аутистичен спектар на нарушување“, истакна заменик народниот правобраните г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа презентирајќи ја посебната „Информација за бројната состојба на децата со аутистичен спектар на нарушување и подготвеноста на основните училишта за нивна инклузија и квалитетно образование“ .

„Имајќи го предвид значењето на инклузивното образование за сите деца, Народниот правобранител препорачува во основните училишта да се создадат основни предуслови не само за интегрирање на децата со аутистичен спектар на нарушување, туку и нивно квалитетно и ефикасно вклучување во редовното образование. Во таа насока, да се преземат мерки за обезбедување просторни услови за работа со деца со аутизам во училиштата и мерки за соодветно прилагодување на наставниот материјал, согласно потребите на децата со аутизам“ рече Бајрамовска - Мустафа.

Инаку, тркалезната маса се одржува во рамките на Твининг проектот насловен како „Промоција на надлежностите на Народниот правобранител и јакнење на институционалните капацитети“, а кој го спроведува Народниот правобранител во соработка со Канцеларијата на Австрискиот омбудсман борд и Лудвиг Болтцман Институтот за човекови права.


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2025
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија