20.11.2015
20.11.2015, Скопје
ПОСЕТА НА ОУ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ДЕТЕТО
По повод одбележувањето на на 20 ноември, Меѓународниот ден на детето, заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа го посети Основното училиште „Коле Неделковски“ во Скопје и разговараше со учениците за нивното познавање за човековите слободи и права.
Посебен акцент на средбата беше ставен на правата на детето, за тоа колку и како учениците се запознати со Конвенцијата за правата на детето, и за тоа колку и како тие си ги познаваат своите права.
Учениците посебно се интересираа за начините и можностите за заштита на нивните права кај народниот правобранител. Заменик народниот правобранител Бајрамовска –Мустафа ги запозна учениците со работата на канцеларијата на Народниот правобранител и со неговите надлежности.