Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

РЕГИОНАЛНА СРЕДБА НА НАРОДНИТЕ ПРАВОБРАНИТЕЛИ-НАЦИОНАЛНИ ПРЕВЕНТИВНИ МЕХАНИЗМИ 25.06.2013

Скопје

РЕГИОНАЛНА СРЕДБА НА НАРОДНИТЕ ПРАВОБРАНИТЕЛИ-НАЦИОНАЛНИ ПРЕВЕНТИВНИ МЕХАНИЗМИ

Народниот правобранител – Национален превентивен механизам (НПМ) преку Инструментот за техничка помош и размена на информации на Европската комисија – TAIEX, на 25 и 26 јуни организираше регионална работилница на која учестуваа претставници на НПМ Албанија, НПМ Македонија, НПМ Србија, НПМ Словенија, НПМ Црна Гора, Омбудсманите на БиХ и Косово, НПМ Полска, како и претставници на Асоцијата за превенција од тортура (АПТ), Комитетот за спречување тортура при Совет на Европа и Обединети Нации.

На дводневната работилница  се дискутираше за проценка на спроведувањето на дадените препораки од превентивните посети, како и спроведување на последователни или контролни посети во местата на лишување од слобода. Исто така тема на разговор беше како да се постигне функционална и оперативна независност на овие механизми, како и комуникацијата и соработката со меѓународните тела за превенција и спроведувањето на надлежностите утврдени во Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортура. Учесниците на конференцијата  зборуваа   и за ефикасноста на НПМ преку обезбедувањето на соодветен буџет, соработката со граѓанскиот сектор и вклучувањето на надворешни соработници со цел обезбедување експертиза и мултидисциплинарен пристап.

Врз основа на дискусиите НПМ-те од региониот се согласија дека:
     - При утврдувањето на препораките треба да се има во предвид приоритетноста     на одредени прашања, како и утврдувањето на краткорочни и долгорочни препораки со цел нивна имплементација во местата на лишување од слобода.
     - Потребно е да постои стратегија како да се мониторираат дадените препораки која може да се спроведе преку последователни посети, следење на медиумите како и воспоставување конструктивен дијалог врз основ на дадените препораки.
     - При оценувањето на степенот на спроведување на дадените препораки потребнo е да се има буџетска анализа, проценка или анализа за причините кога има неспроведување на дадена препорака, но воедно е потребно пошироко запознавање на јавноста за степенот и начинот на спроведување на дадените препораки.
     - За ефикасното спроведување на НПМ мандатот треба да се обезбедат финансиски средства кои ќе овозможат функционална и оперативна независност, но и соработка со граѓанскиот сектор и надворешните експерти.
     - Граѓанскиот сектор може да се јави како иницијатор или да ја засили објективноста на НПМ, но воедно улогата на НВО може да биде и за регрутација на членови во самиот механизам, извор на информации и соработка, како и за промоција на мандатот и овластувањата кои ги има НПМ.
     - Потребно е НПМ да одржува конструктивен и двонасочен дијалог со меѓународните тела за превенција од тортурта, како и можноста од поблиску да ги следи препораките кои ги даваат овие тела.
     - Во насока на целосно имплементирање на мандатот на НПМ потребно е истиот да располага со доволно човечки ресурси, како и едукација за да може да има и проактивна улога во давањето на мислења и иницијативи на законските и нацрт законските решенија. Воедно човечките ресурси се потребни и заради посебното делување на превенцијата издвоена од заштитата во случај на тортура и друг вид на сурово, нехумано или понижувачко постапување.
     - Превенцијата и заштитата се стремат кон иста цел, но потребно е посебно делување заради ефикасноста и ориентираноста на извршување на мандатот кој го утврдува Факултативниот пртокол на Конвенцијата против тортура.


Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2025
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 4
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија