26.10.2012
Скопје
ДЕБАТА НА ТЕМА „НАСИЛСТВО ВРЗ ДЕЦАТА И МЕЃУ НИВ„
„Во Република Македонија има правна регулатива за заштита на децата од насилство како во семејството така и во училиштата и институциите за згрижување, но потребна е понатамошна активност за следење на состојбите, како и превентивно делување со цел спречување на инциднетите помеѓу децата во и надвор од училиштата. Исто така, потребно е сите институции, но и родителите постојано да работат на полето на воспитување на децата со цел зголемување на толеранцијата односно почитување на различностите„.
Ова се дел од препораките кои произлегоа од тркалезната маса на која се дебатираше на тема „ Насилство врз децата и меѓу нив„ која во рамките на Твининг проектот за поддршка на македонскиот омбудсман финансиран од претпристапните фондови на Европската Унија - ИПА, во кој партнери се: шпанскиот Национален омбудсман и Медијаторот на Франција, се одржа во ЕУ Инфо центарот во Скопје.
„Насилството е сериозен проблем и со неговата примена се загрозува развојот на децата, нивното здравје и добросостојба, се повредуваат основните права на детето-се доведува под прашање детскиот живот„ рече во својот поздравен говор народниот правобранител г.Иџет Мемети.
Според омбудсманот образованието треба да биде насочено кон развојот на децата и на почитување на неговите права, како и подготвување на децата за одговорен живот во слободно општетсво во дух на разбирање, мир и толеранција еднаквост и пријателство.
За
„Согледувањата на нардониот правобранител за насилството врз децата и меѓу нив„ зборуваше г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа државен советник во канцеларијата на народниот правобранител, додека искуствата од работата на омбудсманите на Франција и Шпанија ги пренесоа г-ѓа Жералдин Лисондр и г-ѓа Марија Тереса Салсес.
На тркалзената маса учествува и претставник од министертвото за внатрешни работи како и од институции за згрижување на деца.