06.09.2011
Охрид
РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДЕТСКИТЕ ОМБУДСМАНИ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
На 6 и 7 септември во х. „Метропол“ во Охрид се одржа Годишна регионална конференција на детските омбудсмани на Југоисточна Европа (CRONSEE), на тема: „Заштита на детето од економска експлоатација“.
Конференцијата беше организирана во соработка и со финансиска поддршка од Save the Children од Норвешка, Регионална канцеларија за Југоисточна Европа во Сараево, Босна и Херцеговина.
Целта на Конференцијата беше разгледување на состојбите во регионот поврзани со детската експлоатација, како и модалитетите и добрите практики за заштита на децата.
На Конференцијата учествуваа омбудсманите за деца од: Албанија, Босна и Херцеговина, Војводина, Косово, Република Српска, Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора и земјата домаќин, Македонија.
Конференцијата ја отвори народниот правобранител на Република Македонија, г. Иџет Мемети, по што следеа говорите на г. Херман Баскар - советник во норвешката амбасада, министерот за труд и социјална политика, г. Спиро Ристовски, директорот на Регионалната канцеларија за Југоисточна Европа на Save the Children во Сараево, г. Бјорн Хаген и професорот Владимир Ортаковски, претседател на Државниот совет за малолетничко претстапништво.
Како резултат на дискусиите од Конференцијата, омбудсманите за деца конципираа
Заклучоци и препораки врз основа на кои ќе се насочуваат во третирањето на ова проблематика.